Изборите ќе го пролонгираат планираниот Попис на населението
Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија планиран да биде спроведен во периодот , изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статситика Апостол Симовски.
– Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец, изјави Симовски.
Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.
– Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон, изјави Симовски.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости