Балкан
3. April 2022 - 16:39

Избори во Србија - и во Македoнија се гласа за тројните избори

Тројни избори во Србија. Се одржува редовен избор за претседател, но истовремено народот гласа на вонредни парламентарни избори и бира локална власт во 14 општини, вклучувајќи го Белград. Гласа и српската дијаспора во Македонија, во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово и во Амбасадата на Србија во Скопје.

Граѓаните очекуваат фер и демократски избори.

Одговорноста е голема, а излезноста е многу значајна, смета Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Нешто над 6,5 милиони Срби со право на глас бираат претседател меѓу осуммина кандидати. Сè уште актуелниот претседател Вучиќ верува дека ќе добие втор мандат.

Според аналитичарите, негов главен противкандидат е Здравко Понош, поранешен началник на Генералштабот на српската армија, кој е поддржан од 4 политички партии. Тој повика на што поголема излезност.

Но, српските медиуми јавуваат и за неколку инциденти, меѓу кои два физички напади на кандидати.