-->
-->
Избори до 3 мај во Србија: Власта и опозицијата се договорија
-->

Претставниците на српската власт и опозиција на денешниот дијалог со посредство на ЕП одлучија парламентарните избори да се одржат најдоцна до 3 мај идната година, изјави претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Гојковиќ на прес-конференцијата после денешните меѓупартиски разговори за подобрување на изборните услови, соопшти дека е договорено претседателот на Србија да донесе одлука за датумот во рамките на границите што му се дадени со Уставот за крајниот датум за одржување избори.
Моја проценка е дека по низата дискусии во овие три рунди, успеавме за кратко време да усвоиме или сме во фаза на усвојување на заклучоци за кои се согласивме – истакна Гојковиќ.
Таа додаде дека се пристигнати предлози за Надзорниот одбор на српскиот Парламент, кои ќе бидат разгледани на следната седница, додавајќи дека изборниот список е транспарентен и дека се донесени измени на законите поврзани со функционерската кампања.
Гојковиќ, исто така, рече дека е договорено да се изберат нови членови на РЕМ.
Според Законот, претседателот на државата ги распишува изборите 90 дена од денот на конституирање на сегашниот Парламент, што беше на 3 јуни 2016 година, врз основа на што изборите треба да бидат распишани на почетокот на март.
Оттогаш до денот на гласањето не може да поминат помалку од 45 и повеќе од 60 денови, така што изборите може да се одржат најдоцна до 3 мај.
Во дијалогот меѓу власта и опозицијата, со посредство на претставниците на ЕП, договорено е да се одржат редовни парламентарни избори што е можно подоцна во рамките на уставните рокови, со цел да се обезбеди доволно време за исполнување на сите договорени обврски, како дел од заклучоците на денешната последна рунда од дијалогот.
Во заклучоците, посредниците во дијалогот исто така повикаа на најшироко можно учество на изборите со цел граѓаните да имаат потребен плуралистички демократски избор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
-

Утре дожд и постудено
-

Донесено решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за член на Судскиот совет
-

Мислел дека нашол обично маче и си го однел дома, а всушност открил нов вид дива мачка по повеќе од 100 години
-

Трагичен крај: По три недели почина 13-годишникот избоден во срце со нож во Бутел
-

Милатовиќ пред ОН: До 2028 година Црна Гора меѓу членките на ЕУ
-

Холандија повторно се враќа на Евровизија од идната година
-

70 случаи на западнонилска треска во државата, 65 потврдени
