Избор ирска поезија во новиот број на списанието АКТ
Избор од современата ирска поезија, како и препеви од современи романски поетеси се меѓу содржините кои ги нуди новиот 59-ти број на списанието за култура и уметност АКТ кое излезе од печат деновиве.
Читателите ќе имаат можност да прочитаат и избор поезија од афирмирани домашни автори и автори од помладата генерација, како и препеви на стихотворенија од реномирани поети од регионот.
На страниците на новиот АКТ се и освртот на Димитар Пандилов за најновата збирка песни на Славе Ѓорго Димовски „Јазичен триптихон“ во издание на „ПВН публикации“, (2016), насловен „Парадоксот на меѓувремето - јазично меѓувреме - јазичен парадокс“. Поетсетата и критичарка Кристина Николовска, пак, е автор на освртот „„Ехо на довици“ посветен на поетската збирка „Посланија и риданија“ на Кочо Топузовски објавена од „Дијалог“ (2016).
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава