Македонија
27. јуни 2016 - 16:09

Избирачкиот список и медиумските реформи главна тема на партиските преговори

Без конкретен напредок за двете клучни теми- медиумите и избирачкиот список, заврши уште една средба на партиите во резиденцијата на ЕУ во Пржино.

Партиските претставници не разговарале за можниот датум за избори. По еднонеделната пауза се најавува нова рунда средби со посредство на амбасадорите.

До постигнувањето политички договор СДСМ не учествува во работата на Парламентот. Лидерот на најголемата опозициска партија како услов го постави одлучувањето на Уставниот суд по прашањето за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Многумина во експертската јавност препознаа нов обид за притисок врз независнотста на судството.

Во иста насока се и последните неформални иницијативиз а формирање специјално одделение во кривичниот суд кое би одлучувало за предметите на Катица Јанева.

Откако ДУИ вчера порача дека нес е противи на идејата- ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ излегоа со спротивставени ставови.

ВМРО - ДПМНЕ и шефот на државата Ѓорге Иванов јавно предупредија дека врз судството ис удиите се врши силен притисок. Експертската јавност порача дека ваквото однесување значи рушење на правната држава.