Избегнете го труењето со храна, дознајте колку време може да стојат салатите, сармата, месото и колачите
За време на празниците малку внимание се обрнува на овој момент, но труењето со храна може да го влоши вашето здравје, како и празничниот одмор и расположение.
Варената и печена храна може да ја чувате и на тераса, бидејќи веќе на температура од 5 степени развиваат микроорганизми.
Последиците од труењето со храна можат да бидат многу непријатни, дури и опасни затоа обрнете внимание на правилно чување, како и на мирисот и изгледот на храната која нема да се изеде во првите два дена, предупредуваат нутриционистите.
Често е тешко да се процени колкава количина храна е доволна за семејството кое се собира на празничната трпеза, па најчесто се претерува во подготовката. Затоа е важно остатоците од храната да се чуваат на правилен начин за да целосно бидат сигурни за повторна консумација.
-Храната е подложна на расипување на температура меѓу 5 и 6 степени. Овие температури се најпогодни за развивање на микроорганизми, па храната треба да се стави во фрижидер или замрзнувач најдоцна два дена по јадењето, советуваат нутриционистите
Најчесто на празничната трпеза се наоѓа сарма, месо, руска салата, пити, чорба. Важно е да се знае дека сармата е најотпорна, но секако и таа има свој рок на траење.
Сармата треба да се чува во фрижидер и да се изеде во период од 3 до 4 дена. Се препорачува подгревањето да биде само на количина доволна за оброкот и задолжително да проврие. Може да се замрзне и да се чува до 4 месеци.
Свинското и останато месо, треба да се изеде во првите три дена. Рибата е подложна на расипување и не треба да се јаде подолго од две дена.
Микроорганизмите испуштаат токсини кои не се уништуваат со термичка обработка.
Еднаш одмрзнатата храна не треба да се замрзнува повторно.
Кремастите салати не е добро да се замрзнуваат, бидејќи меѓу другото содржат мајонез.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025