Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
Снимките после гаснењето на пожарот во домот за стари лица во Чемерско покажуваат дека била избегната голема човечка трагедија. Уништена е голема површина од зградата, покривот го нема, меѓутоа евакуирани и безбедни се сите станари. Меѓу нив имало и 5 неподвижни лица а медицински тимови сите ги транспортирале до болницата во Кавадарци. Оттаму велат дека штитениците од домот се во стабилна состојба и ќе бидат болнички згрижени се до нивно понатамошно пренесување дали до други домови или до фамилиите.
- Пожарот е под контрола. Нема сега за сега потенцијално загрозени, но бидејќи температурите се ниски, ги транспортираме сите во координација со болницата, каде има едно одделение со 30 кревети, вели Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.
Пожарот почнал од оџакот а потоа го зафатил и кровот на установата која била на три ката. Градоначалникот на Кавадарци вели дека материјалната штета е голема а пожарот го гаснеле пожарникари со три противпожарни возила.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар