Избегнат судар на два авиона над Скопје, започната истрага
Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон.
Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина.
Нејасно е зошто двата авиона се нашле на иста висина во исто време, односно дали станува збор за инструкции на контролата за летање или е грешка на пилотот.
Флајтрадар24 е глобална услуга за следење летови која обезбедува информации во реално време за илјадници авиони ширум светот.
Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) потврди дека постапува по наводите дека за малку ќе се судреле два авиона на небото над Скопје на 7 септември.
Како што објаснуваат воздухопловните власти, тие мора да постапат по ваквите наводи. Според процедурата, првично известува М-НАВ, кој што е задолжен за контролата на летање, а потоа и АЦВ испитува дали станува збор за инцидент или за сериозен инцидент. Ако е, не дај боже, сериозен инцидент, се вклучува и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
Од Македонска навигација (М-НАВ) не беа достапни за коментар дали е покрената истрага за инцидент, дали и какви мерки се преземени.
Ново на Сител
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње