Избегнат инцидент над Јапонско Море
Воени авиони на четири држави денеска учествуваа во инцидент над малите, спорни острови Докдо односно Такешима на кои полагаат право на поминување и Јужна Кореја и Јапонија.
Јужнокорејски воени авиони утрово отворија предупредувачки оган откако руски воен авион го наруши воздушниот простор на Јужна Кореја. Според јужнокорејското Министерство за одбрана три руски авиони првично навлегле во јужнокорејската одбранбена идентификациска зона на источниот брег, а еден од нив навлегол во воздушниот простор на Јужна Кореја. Рускиот авиони не возвратил на огнот.
Првпат руски авиони да го наруши воздушниот простор на Јужна Кореја.
Неименуван јужнокорејски претставник изјави дека три руски авиони навлегле во јужнокорејската одбранбена идентификациска зона со три кинески воени авиони. Тој додаде дека кинеските авиони навлегле во јужнокорејската одбранбена идентификациска зона на југозападниот брег.
Додека руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија не ги повредила границите на други земји за време на летовите над неутралните води на Јапонско Море.
– Два Ту-95МС, стратешки бомбардери на руските воздушни сили на 23 јули изведуваа планирани летови во просторот над неутралните води на Јапонско Море, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се истакнува дека авионите летале во согласност со меѓународните правила, на повеќе од 25 километри оддалеченост од островите Докдо (Такешима) без да го нарушат воздушниот простор на Јужна Кореја.
– Заедничките летови на руските Ту-95МС и кинеските Х-6К авиони над Јапонско Море и над Источно Кинеско Море не се насочени против трети земји. Летовите се изведени во согласност на планот за воена соработка за 2019 година и не беа насочени против трети земји… Границите на други држави не се повредени, се посочува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
Во меѓувреме Токио испрати протестна нота до Сеул и Москва поради инцидентот што се случи над Јапонско Море, кога јужнокорејски воени авиони отворија предупредувачки оган врз руските авиони.
– Такви активности над нашата територија се неприфатливи, соопшти јапонската Влада.
Јапонската армија издаде наредба да бидат пресретнати руските и кинеските авиони.
Ново на Сител
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје за користење на финансиска поддршка од околу 13.500.000 денари
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
-
Денеска е Зачнување на св. Ана
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
-
Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија
-
Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и на места со остатоци од кашест снег