Избегнат банкрот, Бајден потпиша Закон за привремено зголемување на лимитот на задолжување на државата
Американскиот претседател Џо Бајден вчера го потпиша Законот за привремено зголемување на лимитот на задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што овозможува да се зголеми долгот за да може државата да ги плати своите задоцнети обврски и да избегне банкрот.
Без зголемување на плафонот за долгови, американското Министерство за финансии процени дека на 18 октомври ќе останаше без пари за плаќање на заостанати сметки.
Се очекува зголемувањето на лимитот за задолжување за 480 милијарди долари, што го потпиша Бајден, да биде исцрпен до 3 декември, па дотогаш ќе треба да се најдат нови решенија.
Сенатот минатата недела го одобри, а Претставничкиот дом во вторникот донесе краткорочно решение за привремено зголемување на ограничувањето за можно задолжување на владата на 28,9 трилиони долари, што ќе и овозможи на најголемата светска економија да избегне банкрот барем до декември.
Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, во писмото до Бајден по гласањето во Сенатот напиша дека повеќе нема да им помага на демократите да го зголемат лимитот на долгот.
Меконел сака демократите да го искористат процедуралниот потег познат како помирување, за што не им се потребни републикански гласови за зголемување на плафонот за задолжување, но демократите го отфрлија предлогот како можна опција.
Републиканците велат дека зголемувањето на плафонот за задолжување е проблем за демократите поради пакетот мерки на Бајден за помош на граѓаните и за други цели за време на пандемијата на коронавирусот. Овој пакет, што Конгресот го прифати во првиот дел од оваа година, вреди 3,5 трилиони долари.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
