Македонија
22. March 2019 - 16:16

ИВЗ и Владата се скараа - дали реисот се заканува пред изборите?

Исламската верска заедница и Владата влегоа во отворен конфликт, преку медиумите за прашања за кои подолг период имале недоразбирања. 
 
Владината прес служба, денеска јавно го објави одговорот на писмото до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, со обвинување дека првиот човек на ИВЗ се заканувал и вршел уцени врз извршната враст со писмото што Реџепи му ги пратил на Премиерот на 12 март оваа година. 
 
Владината прес служба вели дека размислува за ова да го исвести и јавното обвинителството.
 
Во однос на примениот допис бр. 03-154 од Ваша страна, истакнуваме дека истиот претставува неприфатлив облик на обраќање кон државните институции, кој е вид на уцена и закана, поради што сериозно размислуваме за истото да го известиме надлежното јавно обвинителство. Во дописот споменувате неколку предмети, за кои се води постапка пред надлежните институции, која е независна од волјата на извршната власт, а втемелена и зависна од строгото почитување на позитивното право во државата, пишува во одговорот од Владата.
 
Владината Прес служба го објави и писмото што Реџепи му го испратил на Премеирот, а во кое тој ги посочува долгогодишните проблеми шѓто ИВЗ ги има со денационализацијата, но и неможноста за изградба на некколку верски објекти и бара итно решавање на проблемите. Реџепи во писмото пишува дека за ова ќе ги запознае и верниците на ИВЗ.
 
Пред почетокот на кампањата за претседателските избори, поради големиот притисок од страна на муслиманските верници ќе бидеме принудени во 700 џамии во земјата ги информираме верниците за долготрајната дискриминација што се врши кон ИВЗ и нејзините членови, со сите последици врз општествените односи во земјава, пишува во писмото испратено од поглаварот на ИВЗ.
 
Релациите меѓу актуелната влада и ИВЗ веќе подолг период се на затегнато ниво, а ескалираа по одлуката за стопирање на реконструкцијата на џамијата во Охрид. Од ИВЗ се незадоволни што актуелната власт не ги исполнила своите ветувања давани пред изборите во 2016 година. Според информации на Сител, особено тензична била последната средба на верските поглавари со Премиерот во Владата.