-->
-->
Ивановски во 2. коло на турнирот во Австрија
-->

Македонските тенисери Калин Ивановски и Лина Ѓорческа продолжуваат со настапите на меѓународни турнири. За жал овојпат со различен успех. Ивановски се пласира во 2. Коло на турнирот во Австрија додека Ѓорческа уште на стартот ги заврши натпреварите во Италија
Големата надеж на македонскиот тенис Калин Ивановски настапува на фјучерс турнир во Австрија со награден фонд од 15 илјади долари и во рамките на првото коло славеше со 2-1 против Италијанецот Фаусто Табако кој успеа да го добие првиот сет со 6-4 но во вториот и третиот доминираше Ивановски со идентичен резултат од 6-3 во двата сета.
Во рамките на 2. Коло нашиот тенисер ќе игра со уште еден Италијанец Андреа Гвериери.
Лина Ѓорческа која имаше серија тешки натпревари претходната недела на турнирот во Чешка каде се пласира во финалето овојпат лошто стартуваше на турнирот во Италијанскиот град Корденонс.
Во рамките на првото коло Македонката по голема борба која траеше повеќе од два ипол часа загуби од Германката Катарина Герлах со 2-1, по сетови 2-6, 6-4 и 3/6.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
