Ивановска: Спорот меѓу обвинителството и финансова ги покажува системските слабости во функционирањето на двете институции
Преку спорот меѓу Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и Управата за финансиска полиција доаѓаат до израз системските слабости во функционирањето на двете институции, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска.
Ивановска, во гостувањето на телевизија Сител, вели дека нас ни треба да изградиме јаки институции коишто ќе ги вадат на површина сите неправилности.
– Од она што јас имам сознание и за едната и за другата институција, сите предмети коишто доаѓаат и во двете институции не се распределуваат системски, електронски преку софтвер, туку ги распоредуваат нивните одговорни лица, првите луѓе на институциите. Со тоа се отвора можност за субјективно делување на одговорните лица, меѓутоа и се создава висок ризик за уцени и корупција. Тоа треба да се елиминира, изјави Ивановска.
Доколку постоел системски пристап за распределба на предметите, според Ивановска, немало ниту да дојде до таков претрес и до таков проблем.
Таа посочи, дека и до ДКСК пристигнуваат анонимни пријави, меѓутоа сите тие, како што нагласи, влегуваат во софтверот и понатаму се распоредуваат од една страна кај член на комисијата, од друга страна кај советник, кој што ќе работи со членот.
– Значи нема ништо намерно. Се е по случаен избор како што си е направено во софтверот, нагласув Ивановска.
Претставка за овој случај до ДКСК, Ивановска вели дека нема пристигнаот, како и дека нема потреба тие сега да се инволвираат.
Ново на Сител
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД