Ивановска: Оценката на ЕК за ДКСК е позитивна
Оценката на Европската комсија за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е позитивна и не поддржуваат да продолжиме понатаму да отвораме случаи за високи функционери. Нивната препорака е да се продолжи со зајакнување на капацитетите на Комисијата и со примена на препораките што ги даваме, изјави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање за оценката на ЕК за работата на Комисијата.
Според Ивановска, која денеска беше во посета на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиле, најголем проблем, со кој тие се соочуваат во овој петгодишен период од мандатот, е тоа што институциите, одговорните лица, институциите и лицата кои биле назначени во препораките не ги почитувале препораките и иницијативите и затоа оценките биле такви.
Ивановска додаде дека непочитувањето на препораките може да ја закочи државата во европскиот пат, бидејќи препораките на ДКСК се потврдени од страна на Европската комисија и се што е позитивна препорака треба да се примени.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
