Македонија
24. September 2020 - 14:20

Ивановска: Државата не смее да субвенционира вработувања по етничка основа

Првиот човек на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска вели дека нејзиниот личен став е дека државата не смее да субвенционира вработувања по етничка основа бидејќи при барањето работа сите треба да бидат еднакви.

Дека јавната администрација е партизирана и корумпирана покажува и проектот кој ДКСК  го спроведе заедно со Транспаренси Интернешнл. 

Овој проект во кој се анализирани 20тина закони покажува дека законодавството остава простор за политички вработувања и државата мора да превземе конкретни чекори.

 

Деспина Тодоровска