Тенис
21. August 2015 - 8:28

Ивановиќ против Серена Вилијамс во 1/4 финалето на Синсинати

Ана Ивановиќ по голема борба во меч што се играше во три сета оствари победа над Стивенс со 2:1 во сетови и се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати. Нејзина ривалка ќе и биде Серена Вилијамс која со 2:0 ја победи Канепи.
На другите осминафинални мечеви беа постигнати следниве резултати: Шмиедлова – Лепченко 2:1, Јанковиќ – Плишкова 2:1, Свитолина – Гарсија 2:0, Халеп – Петковиќ 2:1.
Бенчиќ го предаде мечот на Сафарова исто како и Азаренка на Пављученкова.
Во четвртфиналето двојките се:
С. Вилијамс – Ивановиќ, Свитолина – Сафарова, Јанковиќ – Шмиедлова и Халеп – Пављученкова.