Иванов: Неопходно е одговорно однесување од сите вклучени во изборниот процес
Неопходно е одговорно однесување од сите вклучени во изборниот процес, бидејќи граѓаните на Република Македонија заслужуваат достоинствени избори, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, при денешната посета на припадниците на Армијата на Република Македонија на граничниот премин Меџитлија во Битола.
- Граѓаните на Република Македонија заслужуваат достоинствени избори како што доликува на земја која 25 години е во демократија и спроведувала неколку изборни циклуси. Очекувам сите во натамошниот период од кампањата да се однесуваат достоинствено и како што налагаат нашиот Устав и нашите закони. Тие што излегуваат од овие рамки, не е лошо да го препрочитаат Уставот и да ги видат сите одредби што се однесуваат на државното уредување и да го имаат предвид државниот интерес, порача македонскиот претседател.
Иванов истакна дека сите кои ќе се обидат да го нарушат изборниот процес, треба да бидат санкционирани.
- За сите оние што се обидуваат било што да попречат во изборниот процес, надлежните институции не треба да имаат никаква милост, ниту толеранција. Посакувам сево ова да заврши и конечно, Македонија да го преброди овој тежок период низ кој поминува веќе две години и граѓаните да почувствуваат стабилност и просперитет, изјави Иванов.
Спроведувањето фер и демократски избори е неопходно, додаде Иванов, за Европската Унија да преземе поинаков пристап кон Република Македонија и да го сврти вниманието кон македонските евроинтеграции. - Македонија го заслужува тоа, и со осумте извештаи сме покажале дека ги исполнуваме условите да добиеме датум за почеток на преговори, изјави македонскиот претседател.
Ново на Сител
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување