Иванов не го прими барањето за одземање на мандатот на Заев

Членови на Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движење за цивилизациски вредности и Единствен пат - Движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска организираа протестен марш од пред канцеларијата на Делегацијата на ЕУ до претседателската вилата Водно.
Нивното протестно барање е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да му го одземе мандатот на премиерот Зоран Заев поради, како што велат, непридржување кон дадените гаранции и работењето против македонските национални и државни интереси.
По завршувањето на маршот пред вилата Водно собраните граѓани сакаа да му го предадат барањето на претседателот Иванов, но, како што кажа Страшко Олумчев, претседател на Семакедонскиот национален совет „Македониум“, биле известени од страна на обезбедувањето дека претседателот си заминал.
Тој рече дека протестите ќе продолжат и дека повторно ќе се обидат да му ги достават барањата на Иванов.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
