Иванов: Нападите во Париз предупредување дека мора да се преземе нешто
Ова е голема трагедија и шок за сите. Тероризмот е секаде ист и убива невини луѓе. Справувањето со тероризмот подразбира дека не треба да имаме милост кон таквите настани кои се случуваат секаде. Жално е што невини луѓе гинат, и потресени сме сите кои живееме на овој континент. Ова е предупредување дека мора да се преземе нешто, изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов, коментирајќи ги терористичките напади во Париз, во тек на денешната посета на граничната линија кај Дојран.
Иванов информира дека утрово остварил и телефонски разговор со француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, при што изразил сочувство за терористичките напади.
Претседателот Иванов утре требаше да патува во Париз каде беше најавено негово учество на лидерскиот форум во рамки на 38. сесија на Генералната Конференција на УНЕСКО.
Претхoдно, македонскиот претседател упати сочувство и до претседателот на Француската Република Франсоа Оланд.
- Со шок, неверување и чувство на огорченост ги примив потресните вести за терористичките напади во Париз и длабоко жалам за изгубените животи од варварскиот чин. Ова е напад не само против граѓаните на Париз, туку и против врвните европски и општочовечки вредности и принципи, наведува во телеграмата со сочувство Иванов.
Додека Франција минува низ овие тешки моменти, според Иванов, врвен приоритет за целата меѓународна заедница треба да биде соработката и солидарноста во борбата против злото, а во одбрана на споделените демократски и цивилизациски вредности.
- Овој злосторнички чин нема да не поколеба во одлучната борба против тероризмот. Нема да дозволиме терористите да го посеат семето на стравот, екстремизмот и хаосот во Европа. Македонските граѓани, како и секогаш во историјата, ќе застанат зад слободољубивите граѓани на Франција во борбата против непријателите на мирот, слободата и правдата, се наведува во телеграмата до францускиот претседател.
Ново на Сител
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот