Иванов најави обраќање по двеминутината средба со Заев и Димитров
- Претседателот Ѓорге Иванов во текот на денот ќе се обрати пред граѓаните по денешната двеминутна средба со премиерот Зоран Заев и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров кои го информираа за постигнатиот договор за името, соопшти од кабинетот на шефот на државата.
Република Северна Македонија, ерга омнес, промена на Уставот и постепено воведување на новото име во внатрешноста на земјата, зачувување на македонскиот идентитет и македонскиот јазик, е содржано во договорот, кој вчера во телефонскиот разговор го потврдија премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потоа и ја информираа јавноста во своите земји за постигнатото во обидите да се стави крај на 25-годишниот спор.
Договорот, како што најави премиерот Заев, утре ќе биде разгледан на владина седница и ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти.
По потпишувањето на договорот од страна на двајцата премиери, тој треба да биде ратификуван во парламентите на двете држави.
Ново на Сител
-

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори
-

„Рома“ ги демантираат институциите
-

Неовластено влегол во Воениот полигон „Криволак“, приведен маж од неготинско
-

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план
-

Излегоа ждребовите за нашите репрезентативци кикбоксери
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
-

Елмас прослави јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи
