Иванов – Меркел: Германија очекува договорот меѓу Турција и ЕУ за мигрантите да се почитува
Последните случувања околу бегалската криза и состојбата на граничните премини, биле во фокусот на денешните разговори на претседателот Ѓорге Иванов со германската канцеларка Ангела Меркел, во рамки на учеството на Самитот во Лондон посветен на Сирија.
На средбата, македонскиот претседател ја информирал Меркел за последните случувања на македонско-грчката граница, како и за мерките кои Македонија во континуитет ги презема за справување со бегалската криза.
Иванов истакнал дека и покрај тоа што Македонија во моментов пропушта бегалци само од трите држави зафатени со воени дејствија, сепак и натаму бројките се мошне високи, посебно имајќи ги предвид зимските временски околности.
Германската канцеларка изаразила надеж дека усогласениот договор меѓу ЕУ и Турција ќе функционира и дека сите преземени обврски ќе бидат испочитувани и исполнети. Воедно, на средбата со претседателот Иванов, Меркел изразила интерес околу развојот на политичките случувања во Република Македонија и во регионот.
Ново на Сител
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?
-
Дождовите помогнаа, пожарите под контрола
-
Преглед на вестите од светот