Иванов-Марковиќ: Македонија и Црна Гора немаат отворени прашања
Република Македонија и Црна Гора немаат отворени прашања, посветени се на идентични надворешно-политички цели и интензивна регионална соработка, констатираа македонскиот претседател Ѓорге Иванов и црногорскиот премиер Душко Марковиќ на денешната средба во Скопје.
Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Иванов, изразија задоволство од севкупните билатерални односи меѓу двете земји кои континуирано бележат позитивен и нагорен тренд, како и од традиционално блиските односи и одличниот политички дијалог.
Во однос на европската перспектива на нашата земја, претседателот Иванов посочи дека членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО е од клучно значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион, и го нагласи интересот за интензивирање на политичко-безбедносната соработка со Црна Гора во контекст на НАТО, како и унапредување на соработката меѓу безбедносните служби на двете земји.
- Очекувам проширувањето на Унијата и на Алијансата, не само да продолжи, туку и да се забрза. Само на тој начин Европа може да биде посилна и поотпорна на предизвиците со кои се соочува, истакна претседателот Иванов изразувајќи очекување за поддршка од Црна Гора во однос на македонските евроатлански перспективи.
На средбата беше реафирмиран интересот за унапредување на економската соработка меѓу двете земји и потребата од подобро инфраструктурно поврзување како предуслов за развој на економијата и трговската размена.
Претседателот Иванов и премиерот Марковиќ разменија мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и Црна Гора, како и за состојбите во регионот и Европа.
Двајцата соговорници го потврдија интересот за продолжување на тесната соработка во рамки на регионалните иницијативи и разменија информации за претстојниот Самит на Процесот Брдо-Бриони, чиј домаќин идната година е Република Македонија.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети