Иванов: Ќе поминат само оние предлози за амбасадори кои ги исполнуваат критериумите за за професионалност, стручност и искуство
Кохабитацијата подразбира дека треба заедно да работиме на решенија за доброто на граѓаните кои не избрале. Решенија кои нема да бидат оспорени, и нема да предизвикаат штетни последици. Решенија не само до наредните избори, туку и за наредните генерации. Затоа, подготвен сум да кохабитирам за сите закони кои ќе го градат европското лице на Македонија, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање по повод одбележувањето на празникот Илинден.
Иванов истакна дека како досега така и во иднина учествува во креирањето на надворешната политика во соработка со Владата и побара професионалност, стручност и искуство од македонските дипломати.
- Кај мене ќе поминат само оние предлози за амбасадори кои ќе ги исполнуваат критериумите за професионалност, стручност и искуство. Од сегашните и од идните амбасадори очекувам засилен ангажман во насока на реализација на поставените стратегиски цели на Република Македонија. А тоа се евроатлантските интеграции, добрососедските односи, регионалната соработка и отвореноста кон сите добронамерни партнери, истакна шефот на државата.
Иванов рече дека очекува унапредување на координацијата меѓу надлежните институции задолжени за надворешни работи, со цел македонската дипломатија да зборува со единствен, јасен и добро аргументиран глас.
- Мора да ги зајакнуваме постоечките и да создаваме нови пријателства и партнерства на билатерален и мултилатерален план, порача претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, фактички претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд
-
Студија: Како последица на жештините летово во Европа починале 16.500 лица
-
ДНК на паун-пајакот нуди изненадувачки нови научни сознанија
-
MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите
-
Тетовчанка измамена за 500 евра - ја убедиле дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош
-
Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени