Иванов го потпиша Указот за ратификација на Истанбулската конвенција

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Истанбулската конвенција. Тој ги поздравува основните декларирани причини за ратификација на Конвенцијата, но, како што соопшти неговиот Кабинет, искажува загриженост во однос на дефиницијата на родот, толкувањето на психичкото насилство и правата на родителите да обезбедат образование и настава согласно своите верски и филозофски убедувања.
- Истанбулската конвенција кодифицира контроверзна дефиниција на „родот“ како општествен конструкт што е независен од биолошката реалност на „полот“. Во Член 9 од Уставот на Република Македонија се користи терминот пол, а не род. Дефиницијата на Истанбулската конвенција е во контрадикција и со актуелните дефиниции во меѓународното право, смета Иванов.
Според него, одредбите за правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања, можат да резултираат со сериозни ограничувања.
- Со ратификацијата на Конвенцијата, дефиницијата за родот како општествена конструкција станува обврзувачка. Тоа дополнително може да го ограничи правото на родителите да се спротивстават на контроверзни образовни програми со кои би им се наложувало на децата да размислуваат во родово неутрални термини. Во Истанбулската конвенција таквото спротивставување би можело да биде интерпретирано како психолошко насилство, оценува претседателот.
Иванов укажува дека одредбата за психичкото насилство може да биде злоупотребена за да се ограничи правото на совест, мисла и вера. Како логичка последица, дури и искажувањето спротивно мислење може да биде толкувано како „нарушување на психичкиот интегритет“.
Во соопштението од Кабинетот стои и дека, според шефот на државата денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост претставува искривување на реалноста и вадење од контекст на неговата загриженост, искажана во годишното обраќање.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
