Иванов-Дуда:Продлабочување на билатералната соработка, особено во економијата и одбраната
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на учеството на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
На средбата, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле констатирани одлични билатерални односи и соработка во повеќе области. Договорена е размена на посети на највисоко ниво во наредниот период, кои треба да придонесат за натамошно продлабочување на билатералната соработка, особено во сферата на економијата и на одбраната.
Двајцата претседатели размениле мислења за состојбите во регионот, особено во контекст на неговата европска и евроатланска перспектива. Македонскиот претседател порачал дека крајно време е да се надмине статус-кво состојбата во однос на почетокот на пристапните преговори со Европската унија и во однос на членството во НАТО, како важен предуслов за трајна стабилност во регионот.
- Очекувам Полска како наш докажан пријател да продолжи да ги поддржува нашите заложби и напори за интегрирање во Европската унија и НАТО, истакнал Иванов на средбата со Дуда.
Двајцата претседатели размениле мислења и за мигрантската и бегалска криза. Претседателот Иванов истакнал дека Република Македонија е одлучна да даде свој придонес во нејзиното надминување, да делува усогласено со другите земји, не загрозувајќи ја притоа сопствената национална безбедност.
Ново на Сител
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа
-
Европратениците претпладнево ќе гласаат за извештајот за Србија
-
Облачно со пороен локален дожд и грмежи
-
Путин ги осуди обидите за ревидирање на историјата на Втората светска војна
-
Карни на средбата со Трамп: Канада никогаш нема да биде на продажба