Иванов: Да ја почитуваме и чуваме Република Македонија
Сакам на сите христијани да им го честитам овој голем ден - Велигден, ден кога симболично животот ја победи смртта. Затоа, да се радуваме на животот, на сите добрини и убавини што тој ни ги носи, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на литургијата по повод Велигден во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Како што рече Иванов, во годината кога одбележуваме пет децении од возобновувањето на Македонската православна црква - Охридска архиепископија треба да се потсетуваме на сите наши обичаи и традиции кои ни овозможиле да опстојуваме низ вековите.
- Посакувам во овие празнични денови да се потсетуваме на сето она што е во наше наследство, да го сакаме, почитуваме и да му се радуваме на животот, да го сакаме и почитуваме се она што го имаме, да ја сакаме, почитуваме и чуваме Република Македонија, порача Иванов.
На литургијата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, а велигденската порака ја прочита протојереј Драги Костадиновски.
Ново на Сител
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме