Иванов – Човиќ: Неопходно е зајакнување на економската соработка
Забрзана интеграција на регионот и фокусираност на инфраструктурните поврзувања е неопходно за политичка, економска и безбедносна консолидација во регионот на југоисточна Европа. Ова се заклучоците од денешната билатерална средба меѓу претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Драган Човиќ, во Брдо кај Крај во Словенија.
Двајцата претседатели, како што јави ивестувачот на МИА, размениле и мислења за состојбите во регионот, во контекст на актуелните предизвици и евроатланските перспективи на земјите.
На средбата била констатирана добра билатерална соработка меѓу двете земји, без отворени прашања. Иванов и Човиќ изразија заемен интерес за јакнење и продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес, со посебен акцент на економската соработка.
Претседателот на Претседателството на БиХ го запозна претседателот Иванов со актуелните политичко-економски состојби во Босна и Херцеговина и со клучните предизвици на земјата во наредниот период. Во таа насока, беа реафирмирани заложбите за натамошна меѓусебна помош, поддршка и соработка, со цел побрзо исполнување на стратешките цели на двете земји.
На средбата била изразена и загриженост од одредени ретроградни процеси, кои во актуелниот момент, кога Европа и регионот се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици можат дополнително да ги влошат состојбите и односите во регионот.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал