-->
-->
Иванка починала во САД, последната желба и била да ја погребаат во Македонија
-->
Хуманите граѓани веќе неколку дена собираат средства со цел телото на штипјанката Иванка Станојкова да биде пренесено од САД во нејзиниот роден град, каде што ќе биде погребана.
Иванка починала неколку дена пред својот 41 роденден, а последната желба која им ја кажала на блиските била да биде погребана во родниот Штип, за да може мирно да почива.
Станојкова се преселила во САД во 2002 година и основала семејство. Зад себе оставила две деца, ќерките Софи (16) и Стела (13) кои живееле со својот татко во Чикаго.
Блиски пријатели на штипјанката започнаа со донаторската акција, чија цел е да се соберат 20.000 долари. За неколку дена собрани се околу 7.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј