Итна средба во бугарскиот Парламент откако една од партите одби да го потпише коалицискиот договор
Една од партиите се спротивстави на коалицискиот договор, поради што неопходно беше одржување итен состанок во зградата на Народното собрание на Бугарија, за БТВ соопшти поранешната претседателка на 45. и 46. Собрание Ива Митева од партијата „Има таков народ“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Митева тие внимателно го прочитале договорот и сите нејаснотии биле расчистени.
– ИТН имаше барања за расчистување на формулациите и од политички аспект поставуваше прашања поврзани со назначувањето на извршните директори и претседателите на државните комисии, рече Митева.
Таа потврди дека „Има такви луѓе“ во иднина ќе има вицепремиер во владејачката коалиција во Бугарија, додавајќи дека тоа ќе биде министерот за регионални прашања.
БСП се спротивстави на дел од текстот на коалицискиот договор. Лидерката на БСП, Корнелија Нинова, изјави дека сака сè да биде детално разработено и дека нема ништо чудно во тоа. Според неа, во третиот дел од договорот – законодавниот, партијата има предлози за дополнувања кои се однесуваат на социјалната сфера.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?