Итна средба на Организацијата на исламска соработка
На иницијатива на Турција денеска ќе се одржи итна средба на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) која ќе биде посветена на палестинско-израелскиот конфликт. Според соопштението од Министерството за надворешни работи на Турција средбата ќе биде на ниво на министри за надворешни работи.
„Во услови на израелските напади врз палестинските територии, по иницијатива на Турција и во консултација со палестинските власти и Саудиска Арабија, која претседава со самитот на ОИЦ, ќе се одржи итен состанок на Извршниот комитет на ОИЦ на ниво на министри за надворешни работи закажан за 16 мај 2021 година преку видеоконференција„
На состанокот, на кој ќе присуствува министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, ќе се разговара за можните чекори што треба да се преземат во рамките на ОИЦ и меѓународните платформи, а во врска со неодамнешните израелски напади врз палестинските територии“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер