Итна седница на британската Влада заради заплената на танкерот во Ормутскиот теснец

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава со итната седница на британската Влада на која ќе се дискутира за одговорот што треба да му се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутскиот теснец.
Како што пренесуават британските медиуми, на состанокот министрите ќе расправаaт за тоа како да се обеебеди сигурна пловидба во овој чуствителен регион, што е од витално значење за светското снабдување со нафта.
Се очекува по седницата министерот за надворешни работи Џереми Хант да го извести Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена имперо“, што се случи во петокот, во добро обезбеденото иранско пристаниште.
Велика Британија разгледува повеќе опции за засилување на притисокот врз Иран, но официјални претставници наведуваат дека воена операција во моментов не се разгледува.
Велика Британија, исто така, бара дипломатска и оперативна поддршка од своите клучни европски сојузници во инсистирањето Ормутскиот тесенц да се задржи отворен за пловење.
Ново на Сител
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
-

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи
-

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
