Италијанскиот печат го нападна „слабакот“ Фетел
Расположението во таборот на Ферари не е добро по првата трка од Формула 1 за сезоната 2019. Четвртото место на Себастијан Фетел сепак доведе до прилично сериозни критики од страна на италијанскиот печат.
Тимскиот колега на Германецот, Шарл Леклер остана на петтото место, а на крајот на трката му беше наредено да не ја напаѓа позицијата на Фетел, кој беше видливо побавен од него. Во оваа фаза сепак никој не очекува од 21-годишниот Французин да ја прекине сушата без трофеј за „црните коњчиња“, бидејќи таа одговорност паѓа целосно врз плеќите на 4-кратниот светски првак.
Во текот на целиот викенд во Мелбурн, Ферари демонстрираше неспорно заостанување во однос на лидерот Мерцедес, а силното претставување на тимот во зимските тестови го прави недостатокот на темпо уште поалармантно. На Апенините фокусот се најде не толку на технолошкиот аспект на проблемите за „скудерија“ колку на Фетел, кој во даден момент од трката ги запраша инженерите во боксот каква е причината што болидот се движи толку бавно.
Почитуваниот весник „Газета дело Спорт“ беше прилично елоквентен во проценката на 31-годишниот Германец, чија изведба беше наречена „слаба“.
„Леклер изгледаше како пилотот со повеќе енергија и отворено призна дека му било кажано да остане зад Фетел во финалната фаза од трката“, додаде уште „Газета“.
Ново на Сител
-
СЗО со порака до Трамп: Обезбедуваме клучна заштита за САД од закани
-
Фатен 39-годишен бегалец од затвор
-
Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград
-
Мицкоски за случајот „27 април“: Факт е дека ако нема организатори, не може да има терористи
-
Во Велика Британија се повеќе социјално загрозени семејства живеат во пансиони
-
СДСМ: Нема пари за лекови – Владата ќе купува авион
-
Приведен турски државјанин, превезувал мигранти од Египет и Сирија
-
Тешко повредена патничка на ЈСП откако 65-годишник удрил во паркиран автобус