Свет
5. August 2016 - 10:15

Италијански сенатор лишен од имунитет и уапсен под сомнение за врски со мафијата

Италијанскиот сенатор Антонио Стефано Кариди (47) од малата десноцентристичка парламентарна група е уапсен под сомнение за врски со мафијата. 

Италијанскиот Сенат го лиши од имунитет нивниот член, кој ги увери неговите сопартијци дека е невин. 

Обвинителството на Реџо де Калабрија сепак го сомничи дека е еден од „невидливите“ во мрежата на високи личности кои се поврзани со калабриската мафија Ндрангета за овозможување на пристап до институциите. 

Сенаторот ја напушти зградата на Сенатот и се појави заедно со неговиот адвокат во затворот „Ребибиа“ во Рим. 

Ндрангета е позната по контролирањето на дел од меѓународната продажба на кокаин и се смета за најголема криминална организација во Европа.