-->
-->
Италијански искуства во оризопроизводството презентирани пред земјоделците од Кочанско
-->
Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, во Кочани денеска се одржа презентација на инструментот „Зајакнување на пазарот со ориз во Македонија“ со искуства од Италија, како најголем производител на ориз во Европската унија.
Пред присутните земјоделци од кочанскиот оризопроизводен регион Марија Габриел,стручен соработник во италијанското Министерство за земјоделство, ги презентираше прописите, искуствата од терен, како и стандардите за квалитетен ориз баран на пазарите од Европската унија.
- За нас оваа презентација е од големо значење, посебено што имавме можност да се запознаеме со прописите во Италија кои ги нуди тамошната Влада за развој и унапредување на оризопроизводството, посебно за гарантираниот откуп и преработка на арпата и белиот ориз, изјави Здравко Арсов, од Здружението на оризопроизводители од општина Чешиново Облешево.
Арсов ја потенцираше заложбата на Владата за новите стимулатиувни мерки за единица површина под ориз кои беа донесени денововие и за кои, како што рече тој, се охрабрувачки и добредојдени за оризопроизводителите во државата.
Овие стимулативни мерки со дополнителните 21 илјада денари по хектар ќе значат многу за унапредување на оризпроизводството со квалитетни семиња , губрива и заштитни средства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа