Италијански агросиндикат ќе отвори канцеларија во Македонска Каменица
Синдикатот за земјоделие од областа Пијамонте Италија ќе отвори канцеларија во Македонска Каменица, со цел да се олесни административната процедура на лицата кои сезонски одат во оваа земја и работат земјоделие.
Ова денеска го истакна Цицијано Проџо, претстваник од агросиндикатот на областа Пијамонте на Деновите на дијаспората кои по четврти пат ги осбра иселениците од регионот на туристикиот комплекс Еленец.
- Ние сакаме да отвориме канцеларија за да помогнеме на нашите работници за полесно обезбедување документи, бидјеќи кога се поднесуваат документи, работниците мора од јануари до март во тековната година да дојдат во Италија и да поднесат апликација за да обезбедат документи за работа, а со оваа канцаларија ќе им го олесниме процесот и нема да треба да доаѓаат во Италија. Ние обезбедуваме помош од секаков вид и за обновување документи и за раѓање дете и за болест, рече Кроко.
Додаде дека Синдикатот за земјоделие во Италија се грижи за сите видови проблеми на работниците, а има повеќе од 200 илјади членови, додека над илјада Македонци се членови на Синдикатот за земјоделие.
Иселеничката средба денеска на Еленец донесе стотици иселеници од регионот, но ги поврза и со оние кои останале да живеат во родниот крај. Општина Македонска Каменица ја организира оваа манифестација со цел да им покаже дека тие се значаен дел за општината, но и да се слушне нивното размислување за можните инвестиции во родниот крај или условите под кои би се вратиле дома, истакна градоначланикот Дарко Митевски.
- Ова празнување проеизлезе од сите наши кои се на работа во странство, бидејќи во летниот период тие се секогаш дома. При организацијата бевме поддржани и од организацијата на Македонците во Италија „Идентитет“ која беше неодамна формирана, а на која претстадетелот е од Македонска Каменица. Имаме присуство на Синдикатот за земјоделие во Пијамонте, каде нашите сограѓани повремено одат на сезонаска работа. Нашата цел е да поразгвараме за отворени прашања, да ги искажат нивните мислења за подобрување на условите за живеење во општината, а целта е тие да се вратат да живеат овде, рече Митевски.
На Еленец беше организирана и културно-забавна програма со настап на македонски естрадни ѕвезди. Според евиденцијата на општината над илјада семејства се на работа по западноевропските земји, најмногу во Италија и Словенија, но и во Австралија и Америка.
Ново на Сител
-
Во автомобил на 24 годишен скопјанец пронајдено над 100 пакувања со кокаин и хероин
-
Форд повлекува над 760 илјади возила поради проблеми со ДПФ
-
САД негираат вмешаност во убиството на рускиот воен функционер Игор Кирилов во Москва
-
Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами
-
Малолетник од Виница во „фолксваген кеди“ превезувал 9 мигранти
-
Предновогодишен концерт на оркестарот на Армијата со музичари од оркестрите на Вооружените сили на Франција, Унгарија, Италија и САД
-
Истрага за обид за убиство во Мирковци
-
Студија: Повеќето американски тинејџери се воздржуваат од алкохол, цигари и марихуана