-->
-->
Италијанската железница единствена поднела понуда за купување на Траиносе
-->
Италијанската државна железница S.p.A e единствениот кандидат што поднел понуда за купување на 100 проценти од акциите на грчката железница Траиносе, соопшти Фондот за развој на Грција (ХРАДФ).
ХРАДФ информира дека и покрај првичниот интерес, руската железничка компанија РЗД не поднела понуда.
Претходниот тендер за продажба на Траиносе беше поништен поради недостиг на заинтересирани, и покрај фактот што голем број кандидати, како француската железница, конзорциумот меѓу РЗД и ГЕК Терна, и романскиот ГФР изразија првичен интерес.
Тендерот за продажба на Роско, грчката компанијата за одржување и ремонт на железницата, е поништен, затоа што не била поднесена ниту една понуда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје