Италијанската полиција разби мрежа на лажни ковид пасоши
Италијанската полиција заплени неколку канали и сметки од апликацијата за разговор Телеграм, преку кои криминалците нуделе дигитални сертификати за вакцинација за патувања во рамките на Европската унија.
„Вкупно биле вклучени 10 канали и сметки што ги воделе корисниците до анонимни сметки на пазарите на темната мрежа, дел од Интернет кој не е достапен со редовно прелистување“, објави денеска финансиската полиција на Гвардија ди Финанза во Рим.
Продавачите во онлајн продажба наводно нуделе дигитални сертификати во замена за плаќање во крипто-валути.
Сертификатите се доказ за целосна вакцинација против Ковид-19 и се важни за патувања во рамките на ЕУ.
Тие беа рекламирани како „зелени пасоши“. Според финансиската полиција, цената се движела помеѓу 110 и 130 евра.
„Илјадници корисници се регистрираа на каналите на Телеграм, каде беа понудени и шишиња со наводни дози на вакцина против коронавирус“, додаде полицијата.
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ