-->
-->
Италијанската полиција лани запленила 41,6 тони албанска марихуана
-->

Италијанската централна управа за спречување на недозволената трговија со дрога во објавениот извештај за минатата година, наведува дека е забележан рапиден раст на шверц на наркотици меѓу Албанија и Италија.
- Во текот на 2016 година запленети се 41,6 тони мархуана што е за 347,15 отсто повеќе споредено со претходната 2015 година. Лани е зголемена соработката на организираните албански и италијански криминалн групи, кои ја користат посебната географска позиција на регионот, стои во извештајот.
Како што се наведува во документот, овој регион е центар на главните патишта на Медитеранот, посебно на Балканот, каде во последно време се шверцува марихуана од Албанија.
Исто така се констатира дека Италија е меѓу најголемите потрошувачи на марихуна во Европа, веднаш зад Франција, каде овој наркотик го користат 19 отсто млади на возраст од 19 до 34 години.
Најголемиот дел од огромното количество на запленета марихуна во текот на 2016 година, од Албанија бил транспортиран со моторни чамци кои тргнувале од регионот на Валона или со возила со траекти кои испловуваат од Драч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица