Италијанската крајбрежна стража со хеликоптер спасила 32 мигранти од пуст остров крај Лампедуза

Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека употребила хеликоптер во спасувањето на 32 мигранти, меѓу кои и едно дете, кои од претходниот ден биле блокирани на пуст остров во централниот дел на Медитеранот.
Спасувањето на мигрантите заглавени на островот Лампионе, што е дел од истиот архипелаг како и островот Лампедуза, се покажало невозможно по морски пат поради „екстремно неповолните морски и временски услови“, се наведува во соопштението на Крајбрежната стража.
Хеликоптерот во неколку наврати ги однел мигрантите до Лампедуза, вообичаената локација за истоварување на мигрантите кои тргнуваат по море од Тунис и Либија, иако имало ветрови со брзина и до 50 јазли, се додава во соопштението.
АНСА пренесе дека спасените мигранти потекнувале од Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја и Мали.
Претходно денеска добротворната организација „Alarm Phone“, која прима повици од бродови со мигранти во неволја, соопшти дека на брод со околу 500 лица на него му треба итно спасување во меѓународните води во близина на Либија.
Ново на Сител
-

Разбиена криминална организација во Грција за нелегално производство и трговија со тутунски производи
-

СВР Куманово: Приведени четири лица, нападнале вработен во фудбалски клуб
-

Заменик министерот Исени и францускиот амбасадор Де Риголер на отворањето обука за борба против подведување и трговија со луѓе
-

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на својата мајка
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
