-->
-->
Италијанската амбасада го осуди сквернавењето на италијански споменик во Битола
-->
Амбасадата на Италија го осуди вандалскиот чин на сквернавење на италијанскиот споменик подигнат во чест на паднатите италијански борци од Првата светска војна кои заедно со француските,британските…трупи се бореле против Централните сили.
– Станува збор за крајно нецивилизациски чин, којшто не може да биде одобрен за ниедно спомен обележје. Современите европски вредности подразбираат почит, без која не може да се говори за заеднички просперитет во човештвото, се нагласува во соопштението испратено од Италијанската амбасада во земјава.
Амбасадата на Италија и Општина Битола минатата година во Градскиот парк поставија спомен-плоча посветена на италијанските војници кои за време на Првата светска војна се бореле на Македонскиот фронт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
