Италија забрани производство и продажба на „култивирано месо“
Италија го забрани производството и продажбата на „култивираното месо“, наведувајќи ги здравствените проблеми и потребата да се заштитат сточарите, дури и ако производот сè уште не е одобрен за продажба во ЕУ.
Во четвртокот, Италија стана првата земја во Европската унија што го забрани „култивираното месо“, произведено во лабораторија од клетки од животинско ткиво.
Законот за ова, кој го одобри Парламентот со закана со високи казни, забранува и опишување на протеините од растително потекло како „месо“.
Многу компании ширум светот продаваат „алтернативи за месо од растително потекло“ кои се рекламираат како решение за етичките прашања околу индустриското земјоделство и решение за животната средина, бидејќи сточарството е една од главните причини за емисиите на стакленички гасови.
Продажбата на „култивирано месо“ во моментов е дозволена во Сингапур и во САД, но не и во ЕУ, иако европските компании собраа средства за финансирање на истражување за тоа.
ЕУ го смета „одгледуваното месо“ за „нова храна“ и како такво, како и секој нов производ, треба да добие одобрение за ставање во промет.
Италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида рече дека „култивираното месо“, „го раскинува благородниот однос меѓу земјата, човекот и работата што нè придружуваше со милениуми и ни овозможи да ја обработуваме земјата“.
Италијанската невладина „Меѓународна организација за заштита на животните“ смета дека новиот закон е непотребен „бидејќи “култивираното месо’, сè уште не е одобрено за човечка исхрана во Европа и затоа не може да се пласира на пазарот“.
Ново на Сител
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
-

Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите
-

Зеленски вели дека украинскиот народ нема да му дозволи да го отстапи Донбас на Русија
-

Мерц ја исклучи можноста Германија да поседува нуклеарно оружје
