Свет
6. January 2022 - 12:50

Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години

Италија воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за лица постари од 50 години во обид да го намали притисокот врз нејзиниот здравствен систем и да ги намали смртните случаи.

Мерката стапува во сила веднаш и ќе важи најмалку до 15 јуни.
 
Од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година, повеќе од 138 000 смртни случаи од ковид-19 се пријавени во Италија, втора по големина цифра во Европа по Велика Британија.

Владата на премиерот Марио Драги веќе воведе задолжителна вакцинација за наставниците и здравствените работници, а од октомври лани сите вработени мора да бидат вакцини рани или да направат негативен тест пред да влезат на работното место.

Одбивањето води до отказ без плата, но не и до отказ од работа.