Италија: Повеќе од 99 проценти од жртвите веќе имале некоја болест, нови 5.322 заразени
Повеќе од 99 проценти од жртвите на коронавирусот во Италија се луѓе кои веќе имале некоја друга болест, покажа истражување на здравствените власти во земјата.
Новото истражување може да обезбеди увид во тоа зошто стапката на смртност во Италија, која изнесува околу осум проценти од вкупниот број на заразени, е повисока отколку во другите земји, пренесува Блумберг.
Експертите од институтот во Рим ги испитале медицинските досиеја на околу 18 проценти од жртвите на коронавирусот во Италија и откриле дека само три лица кои починале, или 0,8 проценти од вкупниот број починати, претходно немале друга болест.
Повеќе од 75 проценти имале висок крвен притисок, околу 35 отсто имале дијабетес, а третина имале некои срцеви заболувања.
Просечната возраст на починатите од вирусот во Италија е 79,5 години.
Во последните 24 часа во Италија се регистрирани нови 5.322 заразени со кoронавирусот, со што вкупниот број достигна 41.035 инфицирани луѓе. Вкупниот број на починати денеска изнесува 3.405, односно 427 повеќе од вчера. Во Италија од Ковид-19 оздравеле 4.440 лица. ј
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски