Фудбал
31. May 2017 - 12:18

Италија не може без Малдини

Легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини, се враќа во националниот тим. Тој ќе биде тим менаџер на „Азурите“.
 
Малдини ќе биде врска помеѓу репрезентацијата која ја предводи Џанпјеро Вентура и раководството на Фудбалскиот сојуз на Италија.
 
Досега оваа функција ја извршување Габриеле Оријали, кој или ќе се врати во Интер, клуб за кого играше во осумдесеттите години од минатиот век, или ќе му се приклучи на Роберто Манчини во Зенит.
 
Малдини за репрезентацијата играше во периодот 1988 – 2002, има одиграно 126 натпревари и постигнал седум голови. Легендата на италијанскиот фудбал дресот на Милан го носел на 904 натпревари.