Италија досега инјектирала 100 милиони дози вакцини против Ковид-19
Италијанската Влада најави нови успеси во кампањата за вакцинација на населението против Ковид-19, откако бројот на инјектирани дози вакцини вчера надмина 100 милиони.
Генералот Франческо Паоло Фиглиуоло, задолжен за дистрибуција на вакцината, постигнувањето го оцени како „одличен резултат“.
Според пресметките на независната фондација Гимбе, приближно 80,1 отсто од Италијанците досега се барем еднаш вакцинирани, додека 77,3 отсто се ревакцинирани. Дополнителна (бустер) доза од вакцината примиле и околу 16,2 отсто од граѓаните.
Меѓу Италијанците постари од 12 години, речиси 88 отсто примиле најмалку една доза од вакцината против Ковид-19.
Владата, исто така, најави дека во следните неколку недели на 25 милиони Италијанците ќе им станат достапни уште вакцини.
Од 16 декември треба да почне и вакцинирањето на децата на возраст од 5 до 12 години.
Ново на Сител
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ