Истражување: Во кои професии има најмногу психопати
Психологот Кевин Датон од Одделот за експериментална психологја на Универзитетот во Оксфорд, спорведе анкета во Велика Британија, за да открие во кои професии „се кријат“ најголем број психопати.
Според неговата анкета, на прво место се нашле менаџериите, а веднаш по нив адвокатите и новинарите. Натаму следуваат хирурзите, полицајците, свештениците, готвачите и државните службеници.
Многу од вработените во овие професии се вклопуваат во профилот на еден психопат, иако некои од основните карактеристики, како самодовербата, егоцентирчноста, храброста и шармот, исто така, се карактеристични и за лица кои се стремат кон успех.
Во прилог на ова оди и Студијата од британскиот академски весник „Џурнал оф Бизнис Етикс“, во која се тврди дека психопатите кои се занимаваат со високо платени професии, како адвокат или менаџер, се често помалку успешни во работа од своите колеги
Таквите лица заработуват помалку пари и нивните врски и односи исто така се помалку успешни, стои во студијата.
Ново на Сител
-
Навроцки положи заклетва како нов полски претседател
-
Хирошима одбележува 80-годишнина од атомското бомбардирање
-
Националистички скандирања на Градски, Гаши вели „Навивачите покажаа достоинствен пример“
-
Димитриеска-Кочоска: Историски високи приходи во Буџетот за јули
-
Најмалку 20 мртви откако камион со храна се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа
-
Блумберг: Москва размислува за „воздушно примирје“ како опција
-
ОЈО бара притвор за дилер од Битола
-
ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа