Истражување: Во Франција најпогодени од Ковид-19 се најбогатите луѓе
Според истражувањето истражувањето наречено ЕпиКов, ако на економски план од епидемијата најпогодени се сиромашните лица, најбогатите се најпогодени од заразата со Ковид-19, јави дописникот на МИА.
Епидемијата со Ковид-19 не влијае на на ист начин врз населението односно заразувањето има и социјалната припадност, покажуваат резултатите од истражувањето.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека ако најбогатите луѓе се релативно поштедени од економските последици од здравствената криза, тие од друга страна имаат поголема веројатност да се заразат со Ковид-19. Според студијата, најбогатите кои се 10 отсто од населението, имаат двојно поголема шанса да бидат инфицирани со Ковид-19 од припадниците на средната класа, и 10 проценти повеќе од помалку богатите.
Според истражувањето на ЕпиКов, неколку фактори можат да ја објаснат тенденцијата најбогатите луѓе да бидат попогодени од Ковид-19. Социјалните односи на најбогатите лица се побројни и пообемни, поради што се зголемува ризикот од зараза.
Најбогатите луѓе исто така имаат повеќе ресурси за да ги заобиколат здравствените ограничувања. На пример, тие имаат повеќе простор да ги примат своите пријатели и членовите на семејства во својот дома. Некои дури имаат можност да избегаат на село во нивните втори резиденции.
На крај, кај побогатата класа, општо земено родителите можеа да ја задржат својата професионална активност преку работа од далечина, кога многу од најсиромашните луѓе останаа без работа. Но, работењето од далечина не ја спречува заразата, уште помалку кога е потребно да се повика трето лице да се грижи за децата.
Студијата е изработена од францускиот Национален институт за здравје и медицински испитувања (ИНСЕРМ), од Дирекцијата за испитување, студии и статистички проценки на Министертсвото за здравство (ДРЕЕС) и од Националниот институт за статистички и економски студии (ИНССЕ), при што преки интернет испитани се 135.000 лица.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228