Истражување: Шест проценти од заразените коронавирусот го добиле на отворено
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани, објави денеска Хина.
Во студија на 25.000 случаи, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекции на отворено, како што се спортски настани или концерти.
Станува збор за оградени области каде што не се почитува физичкото растојание или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, зборувајќи гласно или пеејќи.
– Не идентификувавме речиси ниту еден случај што би го поврзале со секојдневниот живот на отворено, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот „Кентербери“ во Кент.
Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку затворенит простор.
Во студијата, покрај британски, учествуваа и научници од американски и германски универзитети.
– Ризикот е помал затоа што вирусот се разредува во атмосферата, нешто слично се случува со чадот од цигари, заклучува експертот.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?