Истражување: Ограничената употреба на мобилните телефони го намалува ризикот од смрт
Ограничената употреба на мобилните телефони до два часа дневно, би можело да го намали ризикот од смрт, покажуваат резултатите од истражувањето на Универзитетот во Глазгов.
Во студијата се наведува дека здравствените ризици како ракот и кардииоваскуларните болести биле на најниско ниво кај луѓето кои дневно поминувале два часа или помалку пред екраните на мобилните телефони.
Според експертите потенцијално би можело да се спречат 5,62 отсто од смртните случаи и 7,97 проценти од кардиваскуларните болести ако се ограничи времето пред екраните на два часа дневно.
Во студијата не е вклучено времето поминато пред телевизиските екрани, туку само времето поминато гледајќи во мобилните телефони.
Истражувањето е спроведено од 2006 до 2018 година при што биле опфатени речиси 500.000 луѓе на возраст од 37 до 73 години.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен