Истражување: Образовнието го намалува ризикот од инфаркт
Дипломата може да ни донесе подобро работно место и поголема плата, но според најново истражување на универзитетот Оксфорд и Лондонскиот колеџ, високото образование има силно влијание и врз нашето здравје, бидејќи го намалува ризикот од инфаркт и срцеви заболувања.
Во студијата, со која бил опфатени 500.000 луѓе, научниците наведуваат дека 3,6 години дополнително образование го намалува ризикот од инфаркт за околу 30 отсто. Оние пообразованите исто така, имале и понизок индекс на телесна маса, пониско ниво на масти во крвта, а меѓу нив имало и повеќе непушачи.
Еден од експертите, д-р Џулиен Ваучер вели дека резултатите покажуваат оти тоа делумно може да се објасни преку тоа што многу од испитаниците биле непушачи, но ако се земат предвид и другите испитаници, мистеријата останува.
- Политичарите треба да пронајдат начин како да го стимулираат продолжувањето на образованиетокај луѓето, можеби со помош на подигање на свеста за ползата од сето тоа, објаснува научникот.
Ново на Сител
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт
-
Манасиевски: Човек како Митовски не смее да биде градоначалник
-
Високите цени и потребата од нови мерки ќе се разгледуваат на ЕСС следната недела
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница